Англија – Бугарија (18 ч.)
Англија е како машина за голови во овие квалификации. Во два меча даде вкупно 10 погодоци, покажувајќи дека е убедливо најсилен тим во групата. На гости на „Вембли“ денеска е Бугарија, која игра очајно, па по четири меча има само два гола.
Одбраната на Бугарија е слаба, па на последниот меч прими дури три гола на свој терен од Косово. Едноставно ова треба да е меч во кој домашната публика ќе ужива во многу погодоци. На последното гостување во Англија, Бугарија беше испратена со 4:0, па ништо чудно ако се повтори овој резултат.
Предлог тип: Т1 2+пол. (2.60) – квота на денот во Sport Life
Србија – Португалија (20:45 ч.)
Ова е дерби мечот на денот. Србија игра многу променливо. Откако ремизираше 1:1 кај Португалија, потоа загуби со 5:0 од Украина, а на крајот славеше со 4:1 против Литванија. Домаќините сигурно ќе имаат голем мотив да се покажат против актуелниот европски првак и освојувач на Лигата на нации.
Во петте последни дуели на овие селекции имало само два резултати. Три пати завршувало 1:1, а два пати Португалија победила со 2:1. И овојпат се очекува да има погодоци. Португалија ќе биде без Пепе во одбраната, но Кристијано Роналдо е задолжен во нападот.
Предлог тип: 1Х& 2+ (2.50) – квота на денот во Sport Life
Андреску – Вилијамс (22 ч.)
Финале на САД Опен не може да биде поголем мотив за победа. Ова е двобој на генерации. Серена има 37 години, а Бјанка уште е тинејџерка, односно речиси двојно помлада. Искуството и знаењето како да се одигра во ваков меч е на страна на Американката, но Андреску полека но сигурно го добива прекарот „убиец на фаворити“, па може да се очекува интересен меч.
Овие две тенисерки имаат играно само еднаш досега и тоа пред помалку од еден месец. Во финалето на турнирот во Канада, Серена мораше да се предаде поради повреда уште во првиот сет, при водство на противничката од 3:1 во гемови. Сепак, финале на САД Опен е нешто кое е посебно, па може да очекуваме голема борба.
Предлог тип: 2&>20,5 (2.50) – квота на денот во Sport Life
Косово – Чешка (15 ч.)
Можеби делува неверојатно, но Косово нема пораз речиси две години. На последните 14 меча, оваа селекција има девет победи и пет нерешени средби. Последен пат загуби на гости кај Исланд во октомври 2017 година. Чешка е селекција која се има докажано на европска сцена, но сепак треба да одигра внимателно, бидејќи стадионот „Фадиљ Вокри“ е тешко место за освојување на три бода.
Офанзивен фудбал негуваат двете селекции, па можно е да има погодци. Подобриот од овој меч ќе направи чекор напред кон пласман на ЕП.
Предлог тип: Х2&ГГ (2.45)
Исланд – Молдавија (18 ч.)
Домаќинот е голем фаворит на овој меч. Во Рејкјавик „паднаа“ Турција и Албанија, па би било голем кикс ако не се освојат трите бода против Молдавија. Гостите имаат слаба одбрана, а тешко постигнуваат погодоци. На Исланд ако не се сметаат четирите гола примени на гостувањето кај Франција, во останатите три меча само еднаш капитулираа.
Ова ќе биде прв пат да играат овие селекции меѓусебе и јасно е дека прашање е само со колку гола разлика ќе победат Рибарите.
Предлог тип: 1& 2-4 (1.92)