Чешка не губи од Словачка

Италија – БиХ (фудбал, Лига на нации А, 20.45 часот)

На стадионот во Фиренца нема да има публика, но тоа не значи дека Италијанците нема да ја имаат предноста на играњето на домашен терен. Аѕурите имаат серија од 11 победи по ред, а повеќе од еден гол последен пат имаат примено во јуни 2018 година од Франција во пријателски меч. За двете селекции ова е прв меч во 2020 година, а Босанците и Италијанците добро се познаваат бидејќи лани играа во иста група во квалификациите за ЕП. Италија ги доби двете средби со 2-1 и 3-0.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.88)

 

Холандија – Полска (фудбал, Лига на нации А, 20.45 часот)

Полска има само еден пораз на последните десет меча, додека Лалињата претрпеа два порази на последните десет меча. И за двете селекции ова е прв натпревар годинава, ќе им биде чудно што ќе нема публика, а на фановите ќе им биде ускратена можноста да гледаат голови. Традицијата вели дека кога играат Холандија и Полска, тоа најчесто завршува со победа на Холанѓаните, и тоа во мечеви на кои и Полска дава гол. Полјаците не славеле против Холандија повеќе од 40 години, но често знаеле да извлечат реми.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.25)

 

Словачка – Чешка (фудбал, Лига на нации Б, 20.45 часот)

Репрезентациите од поранешна Чехословачка се големи ривали откако се разделија, но меѓу нив нема омраза, туку здраво спортско ривалство и сакаат да бидат подобри од „браќата“. Двата тима играа променливо во минатата година. Словачка и Чешка меѓу себе не играле нерешено од 2009 година. И во претходниот циклус од Лигата на нациите беа во иста група, во есента 2018 година Чесите двапати беа поуспешни и победуваа со 2-1 и 1-0. Чесите повеќе од три години немаат нерешено на гостински терен.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.80)

 

Норвешка – Австрија (фудбал, Лига на нации Б, 20.45 часот)

Норвешка предводена од младите Одегард и Халанд има убава серија од девет меча по ред без пораз. Иако ова се две селекции од европскиот просек кои играле и на најголемите натпреварувања, ждрепката ги избегнуваше во минатото и тие немаат играно официјален меч меѓу себе уште од далечната 1979 година, а пред 18 години одиграа еден пријателски натпревар. Квотата за победа на домашните е магнет кој привлекува.

Предлог тип: 1 (2.45)

 

Белорусија – Албанија (фудбал, Лига на нации Ц, 20.45 часот)

Албанија можеби има малку поквалитетен состав од Белорусите, но домашните имаат една голема предност, нивната репрезентација е составена од играчи од белоруската лига, која одамна е почната и тие се во натпреварувачки ритам, за разлика од противникот. Белорусија и во 2020 има играно два пријателски меча кои ги доби со по 1-0 против Бугарија и Узбекистан. Нашите западни соседи на последните три дуели против Белорусите имаат дадено само еден гол, но тоа беа мечеви од пред речиси една деценија.

Предлог тип: 2-3 гола (2.00)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Италија – БиХ Т1 1+ I & 1+II (2.15)

Холандија – Полска 1Х & 3+ (2.15)

Шкотска – Израел 1-3 I & 1-3 II (2.30)

- Оглас -

Најнови вести