0.8 C
Skopje
вторник, 2 декември 2025

Чешка подобра, но за нашите јуниори шансите за ЕП не се загубени

Фудбалската селекција на Македонија за играчи до 17 години беше поразена од Чешка со 0-2 во второто коло на турнирот во Струмица од првата фаза квалификации за ЕП.

Чесите двата гола ги постигнаа после корнери, Сега Чешка има 6 бода, Унгарија 4, Македонија еден, а понатаму одат првите два.

Во третото решевачко коло Македонија игра со слабиот Гибралтар, а освен убедлива победа, ќе ни треба и триумф на Чешка против Унгарија со која одигравме нерешено. Македонија треба да надомести 10 голови разлика што можеби и не е невозможна мисија. Гибралтар загуби од Чесите со 0-13, а од Унгарија со 0-8.

- Оглас -

Најнови вести