Чешка шлаканица за Турците

Кошаркарската репрезентација на Чешка слави голема победа над Турција со конечни 91:76, која им донесе пласман во втората фаза од Мундобаскетот во Кина. Во директната битка за втората позиција во групта Е, Чесите покажаа поголема желба за посакуваниот резултат пред фаворизираните Турци кои очигледно уште не може да го преболат поразот од САД пред неколку дена.

Турција добро го отвори мечот со 11-6 во воведните минути, но чешките кошаркари потоа ја презедоа иницијативата, па на секој притисок од противникот тие возвраќаа со мини-серии, кои во неколку наврати им обезбедија двоцифрена предност. Последниот обид на турскиот состав да избегне пораз беше на три минути до крајот при резултат од 80:74, но со трите реализирани напади Чешка избега на недостижни +12.

Не беше доволен ниту одличниот настап на Чеди Осман и неговите 24 поени, ниту комбинираните 30 поени на Махмутоглу (14) и Коркмаз (16). Чешка ја предводеше Хрубан со 18 поени, Балвин запиша двоен учинок од 17 поени и 11 скока.

Во меѓувреме заврши и дуелот меѓу Германија и Јордан, а Германците славеа со убедливи 96:62.

 

 

- Оглас -

Најнови вести