Чешкиот волшебник со топката денес има други приоритети – се занимава со риболов на Алјаска (Фото)

Веројатно малкумина се сеќаваат на легендарниот чешки фудбалер Патрик Бергер, кој најголема трага остави во дресот на Ливерпул, каде што мина седум години.

Педесетгодишниот поранешен фудбалер кариерата ја започна во младинците на Спарта од Прага, а на сениорски меч дебитираше за градскиот ривал Славија. Следуваше преселба во Борусија Дортмунд, а само по една сезона го купи Ливерпул. Седум години мина на „Енфилд“ и таму ја заработи својата светска слава со одличните игри за “црвените“. Во Англија настапуваше и за Портсмут, Астон вила и Стоук, пред да се врати во матичната Спарта Прага.

Бергер денес има интересно хоби и комплетно е надвор од случувањата во фудбалот. Тој се занимава со риболов, а во моментов лови на Алјаска.

„Додека летав кон Алјаска на друга авантура, целта ми беше да фатам риба наречена ‘Доли Варден’. Имав доволно среќа да имам искусен водич кој добро ги познава реките на дивата Алјаска и благодарение на него, знам какво е чувството да се фати таква прекрасна риба“, вели Бергер на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести