Чешка со 2:0 ја победи Албанија во меч од Лигата на нации, а стрелец на двата погодоци беше Томаш Чори. Со оваа победа Чешка стигна до шест бода во групата, колку што има и Грузија, додека Албанија остана на третото место со само три бода, колку што има и Украина.
На стадионот во Прага имаше и албански навивачи, а интересно е дека тие беа одалечени само неколку метри од ултрасите на домаќините кои имаа подготвено декор за гостите.
На трибините имаше српско знаме, но и неколку албански знамиња кои беа „прешкртани“.
11.10.2024, Czech Republic🇨🇿 – Albania🇦🇱. Check more here: https://t.co/7ecGDibmrZ pic.twitter.com/OphMUTkUcJ
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) October 11, 2024
Освен тоа, домашните навивачи постојано скандираа „Косово е Србија“.
https://twitter.com/i/status/1844857371857727533
Малку фалеше да има и блиска средба меѓу двете навивачки групи.