Фудбалската репрезентација на Чешка синоќа го доживеа најголемиот срам во својата историја откако беше поразена од Фарските Острови со 2-1.
Фарски Острови славеа на домашен терен со головите на Соренсен и Агнарсон, додека единствен стрелец за Чесите беше Карабец.
Со овој пораз Чешка ги загуби шансите за првото место, за кое се бореше со Хрватска, а чешките медиуми жестоко ја нападнаа својата репрезентација.
По поразот од држава само со 55.000 жители, водечкиот чешки портал Idnes.cz го нарече резултатот „најголемата срамота на чешкиот фудбал од осамостојувањето“, додека други медиуми користеа изрази како „дебакл“ и „историска бламажа“.
„Загубивме од рибари и од столари и сите треба да се срамите“, порача Idnes.cz во извештајот од тешкиот пораз.