Честеше за победата над Салернитана: Мурињо купи 60 пици за играчите и соработниците во Рома (Фото)

Рома со победа ја стартуваше сезоната во Серија А, славеше со 1-0 на гостувањето кај Салернитана, па тренерот Жозе Мурињо, одлучи да ги почести сите играчи, членови на стручниот штаб и останатите од експедицијата на Рома.

Португалецот за прослава на триумфот купи 60 пици и пијалоци, со што покажа колку му значи отворањето на сезоната со освоени три бода. И лани кога Рома победи во Салерно, тогаш со 4-0, на патувањето кон Рим со воз Мурињо вечераше пица.

- Оглас -

Најнови вести