Честитки за Вардар од Ангеловски: Да го искористиме моментот за успех против Полска и Австрија

Игор Ангеловски му честиташе на Вардар за освоената титула во Лигата на шампионите, а очекува големиoт успех на ракометарите да им даде силен импулс и на фудбалерите за подвиг во јунскиот квалификациски двомеч на Македонија против Полска и Австрија.

„Честитики за Вардар. Тоа е огромен успех што може да биде силен импулс и за нас пред дуелите со Полска и Австрија. Спортските успеси не прават да бидеме горди, а верувам дека така ќе биде и по јунските фудбалски натпревари“, изјави Ангеловски.

Македонија има и фудбалски јунаци, кои постојано покажуваат дека и на нив треба да бидеме горди, потенцира селекторот.

„И тие што беа повредени, исцрпени од долгата сезона даваат сè од себе за да бидат подготвени максимално за настапите на нашата репрезентација. Тоа покажува со каква љубов и посветеност доаѓаат на подготовките и за натпреварите во дресот со националните обележја. Ги респектираме и Полска и Австрија, но во Скопје сме победувале и поголеми репрезентации.

Се надевам дека во овои моменти на голема радост што ни ја приредија ракометарите на Вардар ќе дојде што повеќе публика да не бодри и да ни даде крилја на двата меча што следат во квалификацискиот циклус. Фудбалерите тоа и го заслужуваат“, изјави Ангеловски.

Од денеска во комплетен состав почнуваат завршните подготовки за Полска, која ќе ни гостува на седми јуни во Скопје и три дена подоцна за дуелот со Австрија, исто така во нашиот главен град.

 

- Оглас -

Најнови вести