Мартин Ерлиќ одигра квалитетни 120 минути во дресот на Хрватска во финалето од Лигата на нациите против Шпанија, но, за жал на Коцкестите, загубија по изведување на пенали со 5:4. Со овој меч финишира сезоната за хрватските репрезенаттивци, а Ерлиќ, кој против Шпанија го одигра шестиот меч за националниот тим, имаше сезона за памтење.
Дефанзивецот одигра 28 меча за Сасуоло и на терен помина 2.332 минути, а со Хрватска стигна и до бронзата на Светското пренство во Катар.
И додека најголем дел од фудбалерите решија да одморат на монденски туристички места, Ерлиќ замина кај своите родители во родното место Тињ. Тоа е село во кое уште живеат неговите родители, а Ерлиќ реши да им помогне во обработката на имотот и нивите.
Еден од пријателите на Мартин го сними фудбалерот како ора и копа во една од нивите, а потоа тоа беше објавено и на социјалните мрежи.


