За денеска останаа уште шест натпревари од 25-тото коло на Спортска прогноза, а мнозинството прогнозери нудат интересна комбинација која во Sport Life може да ви донесе квота од 67.76 доколку ги послушате.
Инаку, во 25-тото коло ќе нема ниту еден добитник на премија, 13-ката е недостижна бидејќи сите имаа барем по една утка вчера, но голем е бројот на прогнозери кои се во игра за 12-ка и 11-ка кои носат вредносни ваучери од Sport Life.
Во 14 часот почнува натпреварот од Ла Лига меѓу Валјадолид и Мајорка. Прогнозерите имаат поголема доверба во домаќинот, 68,70 отсто сметаат дека Валјадолид ќе победи, а квотата за кец е 2.65.
Победи на домашните очекуваат и 71,88 отсто прогнозери за Лидс – Кристал Палас, и 71,38 проценти за Троа – Клермон. Двојка треба да биде Алмерија – Валенсија, барем така веруваат 64 отсто од играчите на Спортска прогноза.
Најголема е поделеноста меѓу прогнозерите за дербито Ливерпул – Арсенал. Единица типувале 37,76, а двојка 37.02 отсто, додека една четвртина (25,2 отсто) прогнозираат дека ќе биде нерешено.
Оксер нема да победи кај Клермон, но над 40 проценти од играчите типувале кец или икс, па и тука може да одиграте двознак.
Според процентите, тикетот на прогнозерите би изгледал вака:
Валјадолид – Мајорка 1
Лидс – Кристал Палас 1
Ајачио – Оксер 1Х
Троа – Клермон 1
Ливерпул – Арсенал 12
Алмерија – Валенсија 2
——————————————-
Вкупен коефициент: 67.76