Ансу Фати важеше за еден од најголемите таленти во Барселона, дури и го споредуваа со Лионел Меси кога заигра за првата екипа. Сепак, неговата кариера не се одвиваше во посакуваниот правец, па оваа сезона собра само осум настапи за „каталонците“.
Барселона сака да се ослободи од него, а четири екипи се заинтересирани да го ангажираат. Сите четири клуба се од Ла Лига, а се работи за Жирона, Валенсија, Севиља и Бетис. Опција во моментов е позајмица до крајот на сезоната, но и продажба, а неговата вредност во моментов е само 10 милиони евра, сума за која и раководството на Барселона би се согласило да го продаде.
Фати своевремено вредеше неверојатни 80 милиони евра, но последните три години таа постојано паѓа.