10.8 C
Skopje
понеделник, 16 февруари 2026

Четири „луди“ тикети донесоа добивки од неколку илјади евра (Фото)

Изминатиот викенд беше неверојатно среќен за многумина обложувачи во Sport Life, а четири тикети посебно се за одбележување. Во саботата, во Чаир бил уплатен тикет само со 30 денари, а на крајот добивката е над 3.000 евра, односно 186.318 денари.

Неверојатно делува, но десетте меча кои беа одбрени со одиграните комбинации, донесоа вкупна погодена квота од 7.306. Неверојатно, но вистинито.

Еден од најдраматичните дуели беше дербито во Серија А меѓу Интер и Јувентус, каде што Нераѕурите со гол во 90-ттаа минута стигнаа до победа од 3:2 и тоа беше многу потребно за тикетот на крајот да биде добитен.

Во Гостивар, на тикет на којшто имаше девет средби, со влог само од 100 денари, добивката е 95.299 денари. Тука има неколку комбинации на игри, од конечен тип, преку двојна шанса и 3+ голови, до ГГ3+ комбинации.

Во Охрид е одигран тикет без многу „филозофии“. Одбрани биле пет дуела, сите кои се играа во период од 14 до 16 часот во саботата и едноставно требало да има 4+ голови. На крајот резултатите беа: Монпелје – Ле Ман 4:2, Сиваспор – Беледие Ванспор 3:3, Ханса – Оснабрик 2:2, Баер Леверкузен – Сент Паули 4:0 и Шрусбери – Свиндон 3:1.

И во Велес имаат тактика како да се стигне до многу пари. Ссамо на 200 денари влог, одиграни 10 меча, на крајот е погоден вкупен коефициент од 1.068, а нето-добивката е 181.672 денари.

Интересно е дека сите 10 меча се одиграни на голови, а дури на седум средби погодена е играта да има 1-3 голови во двете полувремиња.

- Оглас -

Најнови вести