Манчестер јунајтед и Вилјареал на претходните четири меча во Лигата на шампионите секогаш играа 0:0. Тоа беше резултатот и по првото полувреме вечерва, но во вториот дел конечно се скрши малерот.
Гостите од Шпанија први погодија, и тоа по одличната акција која со погодок ја круниса Пако Алкасер, кој погоди меѓу нозете на Де Хеа.
Одговорот на Манчестер стигна во 60-тата минута, и тоа со феноменален погодок на Алекс Телјес. Бруно Фернандеш изведе слободен удар од „скратен корнер“ и го најде Телјес, кој од прва, со волеј успеа да го матира гостинскиот голман.