1007 Њукасл – Арсенал (18.30 часот)
Арсенал е една од двете екипи во Премиер лигата кои по десет кола немаат пораз (Тотенхем е другиот тим) и денеска ќе бидат на голем испит бидејќи му гостуваат на Њукасл. Топчиите минатиот викенд со 5:0 го совладаа Шефилд јунајтед, но во средата загубија од Вест хем во лига купот (3:1). Њукасл пак во дербито влегува по големата победа во Лига купот од 3:0 над Манчестер јунајтед и тоа на „Олд трафорд“. Интересно е што на четири од последните пет меѓусебни дуели, резултатот бил 2:0 за еден од двата тима.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.65)
3004 Милан – Удинезе (20.45 часот)
Росонерите минатиот викенд испуштија предност од два гола во дуелот со Наполи (2:2), но вечерва се очекува да не ја повторат истата грешка. Удинезе се наоѓа во серија од четири ремија по ред, а славеше на последниот меѓусебен дуел кој се играше во март годинава (3:1). Отсуството на повредените Бренер, Делофеу, Ебосе, Семедо е премногу за тим како Удинезе и за очекување е Милан да тргне офанзивно од првата минута и да запише три бода на своето салдо.
Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (2.25)
1806 Мајнц – Р.Б. Лајпциг (15.30 часот)
Мајнц е единствен тим во Бундеслигата кој по девет кола сè уште нема победа и се очекува така да остане и по денешниот дуел. Ред Бул Лајпциг пак загуби во првото коло од Баер Леверкузен и оттогаш има скор од шест победи и две ремија, а на последните два меча во Бундеслигата постигна дури девет гола, го совлада Дармштад со 3:1, а на Келн му даде дури шест гола. Гостите се очекува да ја потврдат одличната форма со нова победа.
Предлог тип: 2 & 1+ пол. (2.01)
1305 Реал Сосиедад – Барселона (21.00 часот)
Ова е дерби на 12-то коло во Ла Лига, а благ фаворит е Барселона која ќе се обиде експресно да се рехабилитира по поразот во Ел Класико од Реал Мадрид (1:2) минатиот викенд. Реал Сосиедад е одличен и сезонава, моментно се наоѓа на петтото место на табелата, а во последното коло ремизира со тимот на Столе Димитриевски, Рајо Ваљекано (2:2). На натпреварите кои се играат во Сан Себастијан, најчесто и двата тима даваат голови, последните две сезони мечевите завршуваа 1:4 и 1:6.
Предлог тип: ГГ прво/второ (2.15)
3002 Салернитана – Наполи (15.00 часот)
Шампионот Наполи иако игра на гости е апсолутен фаворит против Салернитана која сè уште нема триумф во Серија А. Иако е без првиот напаѓач Виктор Осимен, Наполи има доволно офанзивци, меѓу нив е и Елиф Елмас, кои можат да обезбедат победа со која екипата ќе го продолжи ловот по водечките екипи на табелата. По враќањето на Салернитана во Серија А, овие два тима досега одиграа два меча во Салерно и на двата славеше Наполи (0:2 и 0:1).
Предлог тип: 2 & 2-4 (2.35)