Четири по ред за Јуве во Серија А, за победа на Сардинија доволен голот на Влаховиќ (Видео)

Јувентус го победи Каљари со 1-0, што за Старата дама е четврти триумф по ред во Серија А, и во моментов нема друг тим во лигата со таква убава победничка низа.

По испаѓањето од Лигата на шампионите, сега фокусот на Јуве е да се обезбеди место во ЛШ за следната сезона, бидејќи сè друго ќе биде дебакл за најтрофејниот италијански клуб.

Голот за победа падна во 12-та минута, а стрелец беше Душан Влаховиќ кој го мина и противничкиот голман пред да ја испрати топката во мрежа, демонстрирајќи дека сепак е голгетер број 1 во својот тим.

- Оглас -

Најнови вести