Четири предлози од НБА и една „сигурна“ од НХЛ

Мемфис гризлис – ЛА лејкерс (02.00 часот)

Интересно ќе биде каква ќе биде реакцијата на „езерџиите“ по критиките кои ги доби тимот од првата ѕвезда Леброн Џејмс по поразот од Њу Орлеанс. Џејмс се жалеше дека не е навикнат да губи и смета дека добива мала помош од соиграчите. Лејкерс заостанува за три победи од осмото место на Западот. Гризлис има четири порази по ред и 16 порази во последните 20 меча.

Предлог тип: > 221.50 (1.88)

 

Детроит пистонс – Индијана пејсерс (01.00 часот)

Старите ривали од централната дивизија во НБА веројатно ќе донесат голема борба и поцврста кошарка. Пејсерс е трети на Истокот и има 8-2 на последните десет меча. И Пистонс е на позиција која води во плејофот, а иако често игра на плус поени, овојпат може да пресуди тоа што Индијана често игра на минус.

Предлог тип: <211.50 (1.90)

 

ЛА клиперс – Далас маверикс (04.30 часот)

Далас сака да ја прекине црната серија од четири порази по ред, но настапот на првиот стрелец Лука Дончиќ (има повреда на глуждот) е неизвесен. Без Словенецот кај Маверикс, Клиперс би бил поблиску до победата, а тимовите играа и во неделата, кога примаа над 120 поени.

Предлог тип: Х 2 -5.50 (1.90)

 

Хјустон рокетс – Атланта хокс (02.00 часот)

„Ракетите“ се во налет по победата над Голден стејт, триумф извојуван без главниот поентер во лигата, Харден, кој има просек од 36,5 поени по меч. „Јастребите“ играат променливо во последно време и можеби нема да победат, но имаат реална шанса да држат неизвесност до самиот финиш, па затоа и тука предлогот е двојка со хендикеп.

Предлог тип: Х 2 -12.50 (1.85)

 

Тампа Беј лајтнинг – ЛА кингс (01.30 часот)

Ако не се случи некоја сензација, ова е најчистата „единица“ во НХЛ-лигата за вечева. Тимот од Флорида е лидер на Истокот, а „кралевите“ од Лос Анџелес се последни на Западот. Осми февруари е датумот на кој Тампа загуби последен пат, а Кингс славеа за последен пат. И меѓусебните дуели го фаворизираат домаќинот, кој од 2015 година не знае за пораз од Лос Анџелес.

Предлог тип: 1 (1.57)

- Оглас -

Најнови вести