Феноменално попладне има Барселона на дуелот со актуелниот шпански првак Атлетико. Иако ова не е битка за титула, сепак Каталонците сакаат да го прегазат ривалот, и добро им оди, водат со 4-2.
Дани Алвеш беше стрелец на четвртиот гол и ова е прв погодок за Бразилецот по враќањето во Барса. Гол даде и Гави, кој може да му биде син на Алвеш, бидејќи има 22 години помалку од него.
⚽️GOAL!
Dani Alves gets his first goal back in Barcelona colours#BarcaAtleti | #LaLigaSantander
pic.twitter.com/CNRvjxfEde— Fast Football Goals (@fastfootygoal) February 6, 2022