Четири тима во НБА вечер очекуваат продолжување на нивните победнички серии, нема да успеат (Фото)

Вечерва на програмата во кошаркарската НБА лига се неколку интересни натпревари, а во понудата на Sport Life има и повеќе од 50-мина играчи за кои може да погодувате колку поени ќе постигнат.

Четири тима посакуваат продолжување на нивните победнички серии, но на некои од нив нема да им се исполни желбата.

Орландо има четири, а Њу Орлеанс три победи по ред, па нивниот дуел вечерва ќе значи крај на триумфалната низа за еден од тие два тима.

Убава серија од четири победи по ред има и Њуорк никс, но вечерва гостуваат кај првакот Денвер. Нагетс предводен од Никола Јокиќ е голем фаворит за победа. Хјустон оди по седмата победа во низа, а за да успее, мора да го порази Чикаго.

- Оглас -

Најнови вести