Вечерва почнува новата сезона во фудбалската Лига на шампиони, а ако имате ваш фаворит за кого сметате дека на крајот ќе го крене победничкиот пехар во финалето во Будимпешта, тогаш сега е време да уплатите во Sport Life.
Квотите за освојувач на ЛШ за оваа сезона велат дека топ фаворити се Ливерпул и Барселона со квота 7.00, веднаш зад нив е бранителот на трофејот ПСЖ со квота 7.50, а првата петорка ја комплетираат Арсенал со 8.00 и Реал Мадрид со 9.00.
Во вториот ред како фаворити од сенка се: Манчестер сити, Баерн, Челзи, Интер и Тотенхем.
Има и клубови на коишто им се даваат мали шанси, а квотите се троцифрени. Најголем аутсајдер е Ајакс, кој е четирикратен европски првак. Квотата на Ајакс е дури 200.0, а квоти од 150.0 ќе најдете за Спортинг Лисабон, ПСВ, Галатасарај и Бенфика.
На листата за обложување има 27 тима, а во лигата на ЛШ играат 36. Има клубови кои веројатно не ни помислуваат да стигнат далеку.