Четирикратниот шампион се заби во ѕидот, Расел ќе стартува од пол-позицијата (Видео)

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел победи во квалификациите на трката за Големата награда на Австралија и утре рано наутро ќе стартува од најдобрата позиција на првата трка во Формула 1 шампионатот за 2026 година. Расел доминираше во сите три дела од квалификациите и на сите три мерења имаше најдобар резултат, па сосема заслужено ја освои пол позицијата.

Тимскиот колега на Расел, Кими Антонели се погрижи да го дополни првиот стартен ред, за доминација на Мерцедес. Потоа следуваа Исак Хаџар, Шарл Леклер, Оскар Пјастри, додека актуелниот светски првак Ландо Норис заврши на шестото место, а седумкратниот светски првак Луис Хамилтон ќе стартува како седмопласиран.

Најлошо од сите возачи помина четирикратниот светски првак Макс Ферстапен кој не успеа да ги заврши квалификациите откако излета од патеката и удри во заштитниот ѕид. На прашањето од луѓето во боксот што се случи и дали е во ред со него, Ферстапен луто одговори: „Болидот едноставно блокираше. Фантастично“.

Со ова излетување, шампионот од 2021, 2022, 2023 и 2024 година ќе стартува од последната позиција на утрешната трка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести