18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Четирикратните светски прваци еден против друг во дерби четвртфиналето на СП во снукер

Вистинско уживање за љубителите на снукерот почнува попладнево во Шефилд, каде што во четвртфиналето на Светското првенство еден против друг ќе се надмудруваат и надигруваат Џон Хигинс и Марк Селби.

И Шкотланѓанецот и Англичанецот имаат по четири титули светски првак, а само за еден од нив ќе има место во полуфиналето. Хигинс и Селби еден против друг имаат играно и во две финалиња на СП (во 2007 и 2017), по еднаш победија двајцата.

Ветеранот Хигинс во претходното коло го разби Кајрен Вилсон со 13-2, па Селби рече дека ќе мора да биде перфектен за да има шанса за победа над големиот ривал и дека играњето против Хигинс му е најтежок ментален тест.

- Оглас -

Најнови вести