Четка го обои Олимпјакос во победнички бои, се насмевнува финале во Купот

Чедомир Јаневски продолжи да приредува чуда на Кипар како кормилар на Олмпијакос Никозија и е многу блиску да игра во финалето на Купот.

Под команда на поранешниот македонски селектор и човек што го предводеше Вардар во историскиот настап во Лигата на Европа, Олимпијакос победи со 4:2 против АЕЛ вечерва во првото полуфинале на нациопналниот Куп на Кипар.

Ќе следува реванш за една седмица, но предноста на Олимпијакос е одлична. Јаневски го презеде клубот во незгоден момент, кога се закануваше и испаѓање и направи невиден пресврт.

Со серија успеси, Олимпијакос успеа да се пласира во плејофот, а сега е на прагот да бие битка и за пехарот во Купот ако го елиминира АЕЛ.

Евентуален противник за трофејот во Купот на Олимпијакос ќе му биде победникот од двомечот меѓу АПОЕЛ и Анортозис.

 

- Оглас -

Најнови вести