Четворица насилници го натепале Жоао Кансело и му го зеле целиот накит (Фото)

Жоао Кансело, бекот на Манчестер сити, синоќа бил жртва на физички напад од страна на четворица насилници, кои влегле во неговата куќа со намера да го ограбат.

Португалецот кој има 27 години се обидел да ги спречи во намерата, па бил удиран, а доказ за тоа се и модринките и лузните по неговото лице.

„За жал, ме нападнаа четири кукавици кои ме повредија, а се обидоа да ми го повредат и семејството. Ова се случува кога ќе се браните. Ми ги зедоа накитот и ова му го направија на моето лице. Не знам како воопшто постојат такви зли луѓе. За мене најважно е семејството и, за среќа, тие се во ред. Ова е само уште една во низата пречки во мојот живот, но ќе ја преминам. Силен сум“, порача Кансело, кој има сопруга и двегодишна ќерка.

Од Манчестер сити се шокирани, му дадоа поддршка на својот играч и порачаа дека ќе ѝ помогнат на полицијата во истрагата.

Засега не се знае дали Кансело ќе игра на утрешното гостување кај Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести