Четворица од домашното првенство повикани за дуелот со Грузија

Дарко Мицевски, Љупче Дориев, Енур Тотре и Томе Китановски се четворицат фудбалери од домашното првенство кои беа дополнително повикни за дуелот против Грузија, в среда во Скопје.

Селекторот Ангеловски многу брзо ќе ги има сите четворица на располагање, затоа што се играчи од домашниот шампионат. Дорирв и Тотре го носат дресот на Шкендија, Мицевски е универзалец од тимот на Вардар, а Китановски е стопер од Македонија Ѓорче Петров.

Првично идејата било Бабунски и Ашковски од Ботошани да пристигнат, но поради проблеми со  патувањето и протоколите за заштита од Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести