Четворица прогнозери ги погодија вчерашните мечеви и се во игра за Тринаесетка, а за денеска нудат тикет со квота 228

Дваесет и осмото коло на Спортска прогноза ќе биде исклучително интересно, бидејќи четворица прогнозери во бесплатната игра на Sport Life и Спорт Манија ги имаат погодено сите пет саботни натпревари, па се во игра за погодена Тринаесетка за што им остануваат уште осум натпревари што ќе се играат денеска.

Комбинацијата од осум меча за денеска на 15-те прогнозери кои се во игра за Тринаесетка со која може на најдобриот да му овозможи да си бира подарок од трите варијанти – Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, Сони Плејстејшн 5 ако и денеска бидат без утка е многу интересна.

Возбудувањата ќе започнат во 15.00 часот со натпреварот меѓу Ле Авр и Мец, а ќе завршат со најголемото светско фудбалско дерби, популарното Ел Класико меѓу Реал Мадрид и Барселона кој е на програмата од 21.00 часот.

 

1706 Ле Авр – Мец                    1  2.20
1005 Кристал палас – Вест хем 2  3.40
1307 Алмерија – Виљареал        2  2.05
1707 Брест – Монако                 Х2  1.44
1808 Борусија Д. – Баер Л.       1Х  1.47
1708 Тулуз – Олимпик Марсеј   Х2  1.42
1809 Фрајбург – Мајнц               1  2.60
1309 Реал Мадрид – Барселона 1  1.91

—————————————————
Вкупен коефициент: 228.89

- Оглас -

Најнови вести