Четворица прогнозери на исти мечеви кикснаа и останаа без Ајфонот 11

Прекрасниот мобилен телефон Ајфон 11 повторно за малку не беше освоен во последното одиграно коло на Спортска прогноза. Преку 2.000 прогнозери беа дел од ова коло, а петмина беа најуспешни и на крајот завршија со по 11 погодоци.

За 11-ка, сите петмина кои бесплатно одиграа во ова коло ќе си добијат вредносни ваучери од по 500 денари од Sport Life. Малку фалеше да има Среќна 13-ка, која е условот за добивање на „Ајфон 11“. Четворица од петмината со 11 погодоци, киксираа на исти два натпревари.

Прогнозерите Данел П., Лазар С., Николчо И. и Ивица Д. очекуваа победи на Саутемптон и Милан, но наместо „кецови“, мечевите завршија со победи на Брајтон и Наполи, односно листи „двојки“. Поразот на Саутемптон беше најголемото изненадување за сите, затоа што само 6,19 отсто погодија дека гостите ќе победат.

Слично беше и за дербито во Серија А меѓу Милан и Наполи. Само 11,86 отсто веруваа дека гостите може да победат, а на крајот тимот на Елиф Елмас славеше со 1:0 на „Сан Сиро“. Од петмината кои ќе добијат ваучери од по 500 денари од Sport Life, единствено Ките Т. погоди дека ќе победи Наполи, но тој киксираше на Монако – Лил (одигра 2-ка, а заврши нерешено), па и тој ќе освои 500 денари ваучер.

Дури 35 прогнозери имаа по 10 погодоци и им фалеше само уште еден погодок за вредносен ваучер од 500 денари. Ова коло е уште еден доказ дека ТРЕБА да ја играте БЕСПЛАТНАТА Спортска прогноза бидејќи никогаш не се знае кога може среќата да ви се насмевне и да бидете добитник на некој подарок.

Двојките за новото 28. коло ќе бидат познати утре во 14 часот, па бидете подготвени за повторно да прогнозирате.

- Оглас -

Најнови вести