Вардар заврши како првопласиран во регуларниот дел на табелата во осмата сезона на СЕХА-лигата, а тоа се преслика и со доминација на „црвено-црните” во изборот на најдобрите седуммина играчи сезонава. Изборот на идеалниот тим го направија капитените на сите 10 екипи што беа дел од СЕХА-лигата сезонава.
Четворица вардарци се најдоа на тој список: голманот Милосављев, крилото Дибиров и бековите Криштопанс и Карачиќ. Најкорисен поединец, или МВП на сезоната, е Хорват од ППД Загреб.
Олстар-тим за сезона 2018/19
голман – Дејан Милосављев (Вардар)
лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
лев бек – Петар Ѓорѓиќ (Мешков)
среден бек – Игор Карачиќ (Вардар)
десен бек – Дајнис Криштопанс (Вардар)
десно крило – Златко Хорват (ППД Загреб)
пивотмен – Марин Шипиќ (Нексе)
тренер – Маноло Каденас (Мешков)
МВП – Златко Хорват (ППД Загреб)
дефанзивец – Павел Хорак (Мешков)