Четврта победа по ред за Милан, Леао најзаслужен за триумфот во Фиренца (Видео)

Рафаел Леао е најзаслужниот за новата победа на екипата на Милан, овој пат на гостувањето во Фиренца, кај Фиорентина со 1-2. Со оваа победа Милан се зацврсти на втората позиција на табелата, но е далеку од градскиот ривал и лидер на табелата, Интер.

Резултатот беше отворен во 47-мата минута, кога Лофтус-Чик погоди после прекрасната асистенција на Леао, а токму тој беше играчот кој го постигна и победничкиот гол за Милан во 53-тата минута.

Фиорентина успеа само да израмни во 50-тата минута преку Данкан.

- Оглас -

Најнови вести