Пилотите на Мерцедес, Луис Хамилтон, и Валтери Ботас, не дозволија да бидат загрозени од конкурентите во Формула 1 на денешните квалификации на патеката Каталуња крај Барселона, па на утрешната трката, клупските колеги тргнуваат од првиот ред.
Хамилтон по четврти пат сезонава, а 92-и пат во кариерата е на пол-позиција. Од Ботас имаше подобро време за само 59 илјадити делови од секундата.
Зад Хамилтон и Ботас се најдоа Макс Ферстапен од Ред Бул и Серхио Перес од Рејсинг поинт. Сите други имаа над една секунда заостанување. Лошите резултати на Ферари веќе не се изненадување. Шарл Леклер ќе тргне од деветто, а Себастијан Фетел од 11-то место.