Четврта сезона, епизода број 9: Топ-5 лигите се позната територија за играчите на Спортска прогноза, време е за „ајфон12“

Спортската прогноза стигна до епизодата со број 9 во четвртата сезона и станува сè поатрактивна за играчите во Sport Life. Како што расте бројот на учесници, растат и шансите за освојување на главната премија во секое коло, прекрасниот „ајфон 12“.
По две кола во кои на менито на популарната Тринаесетка беа дуелите на репрезентациите за настап на Мундијалот во Катар, повторно се враќа клупскиот фудбал на сцена.

Учесниците во бесплатната игра што ја организираат Спорт Манија и Sport Life буквално се на свој терен бидејќи сите натпревари во ова коло се од Топ-5 лигите во Европа.

Позната територија за искусните играчи, а колото е со неколку исклучително интересни натпревари. Почетокот е со бундеслигашкиот дуел меѓу Унион Берлин и Волфсбург, две екипи што ја претставуваат Германија во еврокуповите, а ќе се игра во сабота, од 15.30 часот.

До тој термин можете да се приклучите со прогнози за деветтото коло, а сè што ви е потребно е да имате СЛ картичка од Sport Life.

И таа како и учеството во играта е бесплатна, а може многу брзо да ја добиете на сите обложувачки места на Sport LIfe.

Во сабота ќе има уште четири дуели и сите се интересни и привлечни за прогнозирање. Недела со 8 меча ќе биде денот на одлука дали некој од прогнозерите ќе има 13 погодоци за да го добие прекрасниот „ајфон12“.

Има награди и за утки во Sport Life и, стандардно, за едно промашување се добива ваучер од 1.000 денари, а со 11 погодени дуели ви следува ваучер од 500 денари.

Стратегијата е да се погодат што повеќе натпревари и во битката за Генерален пласман, па затоа важно е да се типуваат прецизно и на двата резервни пара.

На крајот од сезоната шампионот ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а за останатите четворица во Топ-5 ќе има многу поени за пазарување во СЛ маркетот на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести