Играјте Спортска прогноза, „ајфонот“ сè уште го чека првиот мајстор што ќе ја погоди Тринаесетката

Четвртата сезона на Спортска прогноза што ја организираат Спорт Манија и Sport Life полека влегува во финишот, а сè уште има време за првиот добитник на прекрасната награда „ајфон 12“.

На ред е 33-тото коло. што може да се игра денеска од 14 часот со нови и интересни 13 парови, плус две резервни двојки што се бројат за конечен пласман.

Во фокусот се две градски дербија меѓу Сампдорија и Џенова во Серија А, што може да одлучи која екипа ќе избори опстанок и ќе го продолжи прволигашкиот живот и лондонската битка меѓу Вест хем и Арсенал за позиции што водат во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Колото е празнично, ќе се игра фудбал и на први и втори мај, а може да се прогнозира до сабота, 30. април до првите два дуели што почнуваат од 15.30 часот, а се играат во рамките на Бундеслигата.

Сите 13 двојки, плус двата резервни парови се од Топ-5 лигите во Европа што е познат терен за прогнозерите, па се очекува конечно и мајсторот што ќе погоди Тринаесетка и ќе ја добие прекрасната награда „ајфон12“.

Играта е бесплатна, се што ви треба е да имате СЛ картичка од Sport Life и добра стратегија како да се погодат сите 13 пара.

Има награди и за сите што ќе погодат 12 натпревари и тоа вредносен ваучер од 1.000 денари и за прогнозерите со 11 погодоци, кои ќе добијат по 500 денари вредносни ваучери од Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести