Четвртфинален снукер егзодус на фаворитите, испаднаа првите двајца носители

Двајцата најдоброрангирани снукер-играчи на светската ранг листа, актуелниот светски шампион Џад Трамп, и Австралиецот Нил Робертсон, кој пред десет години беше шампион, испаднаа денеска во четвртфиналната фаза на првенството во Шефилд. Најпрвин во аут отиде Робертсон, кој загуби од Марк Селби (светски првак во три од последните шест години), а попладнево испадна и најдобриот на светот, Трамп, кој беше поразен од Кајрен Вилсон.

Трамп е најнова жртва на една неверојатна традиција во овој спорт, а тоа е играч кој првпат се закитил со светска титула, никогаш не ја одбранил следната година.

И славниот Рони О‘Саливен, кој беше можеби трет фаворит по Трамп и Робертсон, имаше проблем, губеше со 2-6 против Марк Вилијамс во дуел на двајца искусни играчи кои заедно имаат осум светски титули, но Англичанецот врати со иста мерка, па во вечерашната сесија влегуваат со 8-8 во фрејмови.

- Оглас -

Најнови вести