Кога ќе дојде четвртфинале во Лигата на шампионите, лошо е против себе да го имате Кристијано Роналдо. Португалската суперѕвезда на 21 четвртфинален меч има дури 24 гола.
Интересно е што Роналдо токму на 10-ти април во 2007 година го даде својот прв гол во ЛШ, тогаш како член на Манчестер јунајтед, потоа даде над 100 гола за Реал, а вечерва во дресот на Јуве, повторно на 10 април го постигна својот 125-ти погодок во кариерата во елитното натпреварување, подобрувајќи го рекордот.
Ако се сметаат головите во четвртфинале, полуфинале и финале на ЛШ, Роналдо има дури 41, а втор на листата е Лионел Меси со 16, кои делуваат смешно покрај бројката на Португалецот.