Четврти гол на Барди сезонава (Видео)

Енис Барди постигна гол на средбата од шпанското првенство помеѓу Леванте и Бетис која се игра во моментов. За македонскиот репрезентативец кој го носи дресот на Леванте, ова е четврти погодок сезонава, прв на домашен терен, а со неговиот гол, Леванте поведе со 2-0, резултат со кој заврши првото полувреме.

Барди има дадено вкупно 12 гола во шпанската лига, а Бетис ја има една од најслабите одбрани во Ла Лига (само Мајорка прими повеќе голови).

Ова е погодокот на Барди со убав шут со лева нога:

https://www.youtube.com/watch?v=RRl13WQEb40

- Оглас -

Најнови вести