Комплетирано е 10-тото коло во Првата македонска фудбалска лига, а за издвојување се победите на Беса, Работнички и Силекс, додека другите три меча завршија нерешено.
Работнички кој го доби дербито со Гостивар, е на чело на табелата со 22 бода, три повеќе од Шкендија, а потоа следуваат Силекс и Гостивар со по 17 бодови.
Вардар беше поразен во Гостивар од Беса, што за Црвено-црните е четврти пораз во низа и продолжување на кризата.
Брера и Воска спорт постигнаа по еден гол, а заработија и по еден црвен картон на нивниот меч на југоистокот од Македонија.
Силекс беше убедлив на гости против Струга со четири гола во второто полувреме, а на мечевите во Битола и Штип каде кавадарчани беа домаќини, немаше голови. Тиквеш има серија од дури четири мечеви по ред на кои игра без голови 0-0.
РЕЗУЛТАТИ: Брера Струмица – Воска спорт 1-1, Беса – Вардар 2-1, Пелистер – Шкупи 0-0, Работнички – Гостивар 1-0, Струга – Силекс 1-4, Тиквеш – Шкендија 0-0.