Актуелниот шампион на Англија, Ливерпул, го доживеа и четвртиот пораз по ред, односно трет во серија кога се работи за натпреварите од Премиер лигата.
Манчестер јунајтед со целиот плен си заминува од „Енфилд роуд“ и тоа пред се благодарение на Хари Мегваер, кој го постигна победничкиот гол во 84-тата минута.
„Црвените ѓаволи“ дојдоа во водство преку Мбеумо уште во втората минута.
Ливерпул долго се обидуваше да се врати резултатски, а тоа им успеа во 78-мата минута преку Коди Гакпо.
Сепак, херој на Манчестер јунајтед е Хари Мегваер, кој со глава погоди во 84-тата минута и ги постави конечните 1-2 за „црвените ѓаволи“.
По осум првенствени кола, Ливерпул е на третата позиција со 15 поени, четири помалку од лидерот Арсенал. Манчестер јунајтед иако има само два бода помалку од Ливерпул, скокна само до деветтото место на премиерлигашката табела.