Четвртиот најдобар стрелец во Европа ја урна Аталанта

Србинот Душан Влаховиќ со два гола, двата од пенал, им донесе победа на Виолетовите од Фиренца на гостувањето во Бергамо кај Аталанта од 2-1, а и голот за Божицата кој го даде Дуван Запата, беше од пенал.

После три кола, Фиорентина има 6, а Аталанта четири бода.

Влаховиќ потврди дека е опасно оружје на Фиорентина. Во календарската 2021 година, во топ 5 лигите, повеќе голови од него имаат само Левандовски, Меси и Халанд.

Аталанта не беше во форма вечерва. Првпат откако на клупата е седнат тренерот Гасперини, Аталанта упати само еден шут кон противничкиот гол во целото прво полувреме.

- Оглас -

Најнови вести