Австријците го паметат како врвен стрелец, но тој е песимист: Не очекувам успех на ЕП, атмосферата е лоша

Марк Јанко е песимист за настапот на Австрија на Европското првенство и вели дека има информации од актуелните репрезентативци на нашиот прв ривал на ЕП дека атмосферата не е добра.

„Имам информации дека атмосферата во репрезентацијата не е добра. Тоа е многу лошо за вакви турнири. Мора да имате позитивен набој, да бидете подготвени да дадете се од себе, бидејќи се работи за големо натпреварување на кое се игра за дресот со национални обележја.

Тоа е исклучително важно за настап на Европско првенство. Се надевам дека работите ќе се поправат, но очигледно е дека и играчите и грото од фудбалските симпатизери не се согласуваат со некои одлуки на селекторот Франко Фода. Австрија мора да игра офанзивно, имаме таков потенцијал, но не сум сигурен дека планот на Фода е таков“, изјави Јанко.

Тој настапи за Австрија на претходното ЕП во 2016 година, а со 28 голови за националната селекција се наоѓа на делба на четвртото место на вечната листа со најдобри голгетери.

Пред него се двете големи легенди на австрискиот фудбал, Антон Полстер со 44 гола и Јохан Кранкл со 34 и Јохан Хорват, кој постигна 29 погодоци.

Македонија ќе игра со Австрија на 13. јуни во Букурешт на националната арена од 18 часот и тоа ќе биде премиерниот мечза двете селекции на ЕП 2020.

 

- Оглас -

Најнови вести