16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Четвртиот најдобар стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал објави крај на кариерата

Легендарниот индиски фудбалер Сунил Четри објави крај на репрезентативната кариера, последниот натпревар ќе го игра на 6 јуни против Кувајт од квалификациите за СП 2026.

Четри, кој во август ќе наполни 40 години, 19 години игра за националниот тим на Индија и на 150 настапи постигна 94 гола, со што е рекордер во својата земја и четврти стрелец на сите времиња во историјата на репрезентативниот фудбал.

Повеќе голови за репрезентација од него имаат постигнато само Кристијано Роналдо (128), Али Даеи (109) и Лионел Меси (106).

- Оглас -

Најнови вести