Одеа како алва – Четвртолигаш во Англија ги замрзна цените на сезонските билети и го урна клупскиот рекорд

Брадфорд сити објави дека веќе има продадено рекордни 14.036 билети за идната сезона, а потегот на раководството на англискиот четвртолигаш да ги замрзнат цените на сезонските влезници го ценае навивачите со масовно купување.

Претходниот рекорд на членот на Лига 2 во Англија, што е четврти ранг на натпреварување по квалитет беше 13.614 продадени сезонски билети во циклусот 2019/20.

Попустот, односно можноста да се купат сезонски билети по ланските цени од 198 фунти беше објавен уште во април, а веќе заврши и сега билетите за целата идна сезона чинат по 300 фунти.

Капацитетот на стадионот на Брадфорд „Вали Парејд“ е 25.136 места.

 

- Оглас -

Најнови вести