Англискиот првак Манчестер сити без никакви проблеми се пласираше во следното коло на ФА Купот, откако на свој терен со убедливи 5:0 го победи Хадерсфилд. Граѓаните немаа никакви проблемии на полувреме водеа со 2:0 благодарение на головите на Фоден и Алварез.
Во второто полувреме Џексон си даде автогол, потоа повторно погоди Фоден, а конечниот резултат го постави Доку. На овој меч, по неколкумесечна пауза кај Манчестер сити се врати капитенот Кевин де Брујне.
Четвртолигашот Рексам на гости беше подобар од Швресбери и се радуваше со 1:0. Блекпул беше на чекор од изненадување на гости кај Нотингем форест и водеше со 2:0, но на крајот мечот заврши 2:2 и ќе мора да се игра уште еден дуел за да се дознае патникот за следната фаза.
Без победник заврши и дуелот меѓу Вест хем и Бристол, иако домаќините ја имаа улогата на фаворити.
Резултати: Лутон – Болтон 0:0, Манчестер сити – Хадерсфилд 5:0, Нотингем форест – Блекпул 2:2, Питербро – Лидс 0:3, Швресбери – Рексам 0:1, ВБА – Алдершот 4:1, Вест хем – Бристол 1:1.