Четвртото коло на Спортска прогноза е за мерак, типувајте до утре за „ајфон 11“

Блиску се учесниците на Спортска прогноза до „ајфонот“ како главна премија за секое коло, што ја доделува Sport Life за прогнозерите што ќе погодат тринаесетка, а веќе има нов предизвик и во тек е типувањето за четвртото коло.

„Ајфон 11“ е прекрасен подарок во игра што е бесплатна и не бара никакви сложени процедури за да се учествува, па можете лесно да се вклучите во играта.

За ова коло сите 13 двојки од основната програма и двата резервни пара се од Топ-5 лигите во Европа, што е позната фудбалска територија за обложувачите и за сите што сакаат да учествуваат со свои типови на Спортска прогноза.

Посебно интерсно ќе биде во Италија, а од Серија А за проигнозирање ви ги нудиме двата дерби-дуели меѓу Лацио и Интер и Јувентус против Наполи.

И резервниот пар Удинезе против Рома ветува добар фудбал, возбудливи пресметки ќе има и во Англија, а во фокусот е мечот меѓу Манчестер јунајтед и Тотенхем.

Не ги заборавивме и Шпанците, Французите и Германците во коло што е вистински предизвик да се погоди максимален број мечеви и да се освои „ајфон 11“.

 

- Оглас -

Најнови вести