Откако во минатото трето коло на Спортска прогноза немаше освојувачи на награди бидејќи на некои репрезентативни мечеви имаше изненадувања, клупскиот фудбал се враќа во понудата на Среќна 13-ка и премијата „ајфон 12“ изгледа дофатлива.
За учество во играта што е многу популарна и е бесплатна, потребно е само да имате СЛ картичка од Sport Life, која исто така е бесплатна и може брзо да се добие на сите уплатни места на обложувалницата.
Во четвртото коло од четвртата сезона на бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија има мечеви од петте најквалитетни лиги во Европа.
Во фокусот на ова коло се двата дерби-дуели од Серија А: Наполи – Јувентус и Милан – Лацио. Само една петтина од прогнозерите кои досега типувале, веруваат дека Јуве ќе слави на „Диего Марадона“ во Неапол, а за дуелот на „Сан Сиро“ имаат свој фаворит и околу две третини типуваат триумф на Росонерите.
Играчите имаат опција и да си ја сменат прогнозата, тоа може да го направат до стартот на првиот меч, сабота во 15.30 часот.
За битката во Генералниот пласман се бројат и резервните двојки. Наградите во секое коло се стандардни: за погодена Тринаесетка се добива „ајфон 12“, за 12 погодени мечеви следува ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а за 11-ка ваучер од 500 денари.