Лос Анџелес Галакси и Спортинг од Канзас сити одиграа нерешени 2-2 во драматичен меч од МЛС-лигата. Галакси се спасуваше од пораз во 88-мата минута, кога Хавиер Ернандес, познат како Чичарито, погоди пенал за 2-2.
Но, длабоко во судиското продолжение, во 97-мата минута Чичарито доби шанса за хет-трик и да му донесе победа на својот тим бидејќи требаше да изведе уште еден пенал. Овојпат одлучи да се прави мангуп и да шутне Паненка, но работата не излезе на арно како што посакуваше тој, па им се извинуваше на навивачите.
Погледнете:
https://twitter.com/i/status/1566609404719398912