ЛА галакси и Севилја постигнаа договор околу ангажманот на Хавиер Ернандес Чирарито. Мексиканецот доаѓа како големо засилување за американскиот тим, поточно во улога на замена за Златан Ибрахимовиќ во нападот.
Чичарито ќе биде најплатен играч во МЛС лигата, неговата плата ќе биде поголема од онаа што ја земаше Швеѓанецот во изминатите две сезони (7,5 милиони долари). Се претпоставува дека екипата од Ел – еј ќе плати околу 10 милиони евра за услугите на Чичарито, но таа сума допрва ќе се потврди.
Иако ги докажа своите голгетерски способности во Англија и Германија, Ернандес мина лоша полусезона во Севилја. Одигра вкупно 17 меча на кои постигна 4 гола, а само еден погодок забележа во Ла Лига.