Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед Хавиер Ернандес – Чичарито се најде во центарот на вниманието поради предизвикување на сексистички скандал.
Мексиканецот го навлече гневот на кај жените откако рече дека жените „ја искоренуваат машкоста“ и дека треба да се грижат за породувањето, чистењето и одржувањето на домот.
Популарниот Чичарито, исто така тврди дека жените го прават општеството „пречувствително“. Во видео на Инстаграм, тој рече: „Жени, вие не успевате. Ја искоренувате машкоста правејќи го општеството преосетливо. Прифатете ја вашата женска енергија: негување, грижа, примање, множење, чистење и одржување на домот, кој е најскапоценото место за нас мажите.“
Како да не беше доволно ова, тој продолжи: „Не плашете се да бидете жени, да дозволите да ве води маж кој само сака да ве види среќни, бидејќи не знаеме рај без вас. Мажи, ние не успеваме поради недостаток на посветеност, ги ставаме нашите партнерки на последно место, не си стоиме на зборот.“