Чичко Дончо ги посети фудбалерите и им посака среќа во квалификациите за ЕП 2024 (Видео)

Првиот селектор на фудбалската репрезентација во независна Македонија, Андон Дончевски, вечерва пријатно ги изненади фудбалерите кои се подготвуваат за стартот на новиот квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2024 година, што треба да се одржи во Германија.

Популарниот Чичко Дончо ги посети фудбалерите на последниот тренинг и им посака успех во новиот квалификациски циклус. Видеото од посетата на Чичко Дончо може да го видите ТУКА.

Македонија квалификациите за ЕП 2024 година ќе ги започне в четврток, кога на Националната арена „Тодор Проески“ ќе ја пречека Малта. Покрај Македонија и Малта, во групата Ц се наоѓаат уште и Италија, Англија и Украина, а пласман на ЕП 2024 ќе обезбедат само двете првопласираните репрезентации.

- Оглас -

Најнови вести