Чичко Дончо им посака среќа и успех на репрезентативците (Фото)

Македонија може и треба секогаш да се стреми да победува. Тоа е познатата девиза на легендарниот Андон Дончевски, првиот македонски селектор, кој дојде во посета на аклтуелните репрезентативци пред заминувањето за Рига.

Не заборави да им спомене дека се јунаци и дека секогаш треба да дадат и повеќе од максимум за Македонија.

Македонскиот национален тим попладне патува за Рига, каде што на 10 октомври ќе игра меч од Лигата на нациите против Летонија, а оттаму авантурата продолжува за Ереван, каде што на 13 октомври следува и дуелот против Ерменија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести