Чичко Дончо покажал што значи да се биде вистински вардарец и како се сака клубот

СпортМанија во Раденци, Словенија

Легендата на Вардар и на македонскиот фудбал, Андон Дончевски е еден од луѓето кои заслужуваат најголема почит, вели првиот човек на Вардар, Миленко Неделковски. Извршниот директор на Црвено-црните открива дека Дончевски кој е најдобар стрелец во историјата на Вардар, без размислување на прифатил понудата да дојде од Австралија и да го гледа финалето на Купот на Македонија.

Популарниот Чичко Дончо во ноември ќе наполни 90 години, но без размислување прифати да дојде на долг пат од Австалија, а притоа да плати и добар дел од авионскиот билет.

„Пред финалето на Купот се слушнав со Дончевски и го поканив да дојде да го следи мечот и да биде поддршка во обидот да го освоиме трофејот во Купот по 18 години чекање. Легендарниот Дончо без размислување прифати. Вардар реши да му ја плати авионската карта која изнесување околу 1.500 евра. Сепак, поради годините на Дончевски, тој побара да оди со бизнис класа затоа што летото е многу долг, а тој тешко се движи. Му објаснив дека билетот за бизнис класа е повеќе од четири пати поскап и дека клубот не може да си дозволи толку пари. Тогаш Дончевски покажа колку голем човек е. Рече да му пратиме билет од бизнис класа, а потоа тој сам ќе ја доплати разликата која беше над 4.000 евра. Така и се случи, Дончевски веднаш ги уплати тие пари на сметка на клубот. Е така се сака Вардар. Тој е вистинскиот кој покажа љубов кон клубот, за разлика од сите оние останати кои буквално ги осцедија секое евро вклучувајќи ги и пресметаните камати“, открива Неделновски.

За точно една година Вардар успеа да ја одглави сметката која беше блокирана повеќе од осум години, да расчисти најголем дел од долгот кој го имаше а првично изнесуваше 7,5 милиони евра, а на крајот и да успее не само да се спаси од испаѓање, туку и да обезбеди излез во Европа.

- Оглас -

Најнови вести